Во Хрватска, поточно во Карловац, се произведува најдобриот пиштол во светот. Се вика Хелкет (Hellcat), тежи само половина килограм, има 11 куршуми и чини 569 долари. Експертите го нарекоа најдобро оружје за прикриено носење и за самоодбрана. Пиштолот веќе стана хит во Америка,кадешто неодамна беше претставен, пренесува РТЛ. Според хрватските медиуми, на Американците им се допаднала неговата прецизност и прифатлива цена од 569 долари, како и капацитетот до 11 куршуми, уникатен за пиштол со толку мала големина.
Од идејата до крајниот производ, сите фази на Хелкет потекнуваат во Карловац, просториите на ХС Продукт, каде што се произведуваат дел од најценетите оружја на светскиот пазар веќе повеќе од 20 години. Во моментот ХС Продукт вработува 1600 луѓе, што ја прави најголема производствена компанија во Хрватска.