Еден од најдобрите ракометни голмани Арпад Штербик (39 г.), кој сега го чува голот на унгарскиот Веспрем на крајот од сезонава ќе се прости од активната кариера. Минатиот месец се појавија информации дека Штербик ќе го продолжи договорт со Веспрем, но искусниот голман се огласи со благодарност за понудата и соопшти дека одлучил да замине во „пензија“.
Штербик својата кариера ја почна во Србија, во тимот на Југовиќ, а пред да дојде во Веспрем со успех ги бранеше боите на Барселона, Атлетико Мадрид, Сиудат Рал и скопски Вардар. Во богатата кариера Штербик направи и ризница од трофеи, каде има и четири титули од елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите. Покрај клупските ангажамани и успеси, Штербик имаше забележителни настапи и за репрезентацијата на поранешнниот југослевенски државен тим, а потоа и трофеен за шпанскиот.