Алијанса за Албанците: Со години ДУИ ги бара гласовите на Албанците за проекти што дури и не се започнати

Интегрален текст од прес конференција на Алијанса за Албанците

„Со години ДУИ ги бара гласовите на Албанците за проекти што дури и не се започнати. Се чини дека ДУИ се навикна да ги користи истите изборни ветувања во секоја кампања, допирајќи до слабните точки на Албанците за политичка корист, заборавајќи дека народот не заборава!

Нивната платформа за 2014 година вети стотици милиони евра капитални инвестиции. Меѓу овие ветувања, од платформата што ја криеше ДУИ, е и проектот за автопатот Скопје – Блаце. За кој проект ДУИ долго време се фали, но не само што не е започнат воопшто, туку истиот е поништен.  АА го најде документот со кој е поништен овој проект од Бирото за јавни набавки. Според овој документ причина за поништувањето е дека не е поднесена ниту една понуда за изработка на автопатот, или пак не е поднесена ниту една прифатлива понуда. Ние како Алијанса првото прашање што го поставуваме е: 1. Зошто е поништена постапката за доделување на договор за јавна набавка, додека крајниот рок за пријавување е 29 ноември 2019 година? АА го прашува ДУИ дали овој проект се чува како ветувачка алатка за изборната кампања пред нас? Нереализираните ветувања на ДУИ се во голем број, но денес сме тука за да откриеме само неколку од нив – Во 2014 година беше ветено и отворање на граничниот премин Беланоц-Станчиќ, како и оној на Тануш-Дебелде, но кои се уште се само во почетна фаза. – Друга капитална и витална инвестиција за албанските населби беше изградбата на филтер станици и водоводни мрежи во Тетово и Липково.  До кога ДУИ размислува да ги лаже Албанците со истите празни ветувања кои нема намера да ги исполни! Ние, АА, денес сме тука за да ги потсетиме Албанците ЗА неисполнетите ветувања на ДУИ.  Ние сме тука да ви кажеме дека Алијанса секогаш ќе биде вистинска алијанса (вистински сојуз) за Албанците.

Треба да знаете
Последни објави