СДСМ за овие три години успеа да го урне здравствениот систем.
Од ветувањата на Заев, здравствените работници добија само распродажба на јавното здравство и сомнителни тендери.
Откако Филипче е министер на здравство, функционира само со „ЌЕ“.
Пациентите не го добија ветеното подобро здравство, кое се ветуваше во предизборни кампањи.
Подобро здравство стана мисловна именка во Македонија.
Хаосот кој што владее во здравството мора под итно да му се стави крај. А, тоа ќе се случи кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе победат на предвремените парламентарни избори. Тогаш ќе дојде обнова во здравствениот систем, ќе започнат реалните мерки од кои граѓаните и здравствените работници ќе имаат полза.