Германскиот став останува јасен и непроменет – за Германија отворањето на претпристапните преговори со Европската Унија на Република Северна Македонија беше, е и останува суштинско прашање за безбедност и стабилност во Европа. Ова го порача германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих на почетната конференција на твиниг проектот „Јакнење на институционалниот капаците на Народната банка на Република Северна Македонија на патот кон нејзиното членство во ЕСБЦ” и додаде дека го разбира разочарувањето поради одлуката на Европскиот совет од 18 октомври да не додели датум за почеток на претпристапните преговори на земјава со ЕУ.
-Германскиот Бундестаг ги исполни своите одговрности со својата резолуција од 26 септември годинава. Нашиот став не се промени и ќе продолжи да биде пример за другите. Ние сметаме на Северна Македонија да ги интензивира реформите и да не убедите сите нас кои имаме дилеми дека вашето место е во ЕУ. Мора целосно да се сконцентрирате на реформскиот процес кој ќе доведе до членство во ЕУ со цел да се овозможат можности и најдобри услови за живот за сите, рече Герберих.
Тој посочи дека Германија е пособно поврзана со земјите од Западен Балкан како политички, така и економски и социјално.
-Во заеднички интерес на Европа е да се вклучат земјите од Западен Балкан во Европската Унија. За да се успее во тоа ние треба да ги исполниме нашите ветувања за заеднички да ги имплементираме европските перспективи. Тоа е најдобриот начин да се промовираат реформи и развој на владеење на правото, а тоа воедно се и најдобри услови за просперитет, стабиност и безбедност во Европа, потенцира Герберих.