За следната година, Владата се залага да го зголеми растот на економијата за 3,4 проценти. Проценетиот бруто-домашен производ се очекува да достигне 126,7 милијарди лева (околу 63 милијарди евра, во 2021 година – 134,9 милијарди, (околу 67,5 милијарди евра) во 2022 година – 143,3 лева, (околу 72 милијарди евра), изјави министерот за финансии Владислав Горанов за време на состанокот на Националниот совет за трилатерална соработка.
Се очекува во периодот од 2020-2022 година да се намали невработеноста и да достигне до 4 проценти. Споредено со нивото оваа година, тоа изнесува околу 4,4 проценти.
– Нестабилниот геополитички амбиент, повеќе од очекуваното забавување на економската активност во ЕУ, се главните ризици што ги гледаме во нашата економија. Тие можат да влијаат на извозот и на очекуваното закрепнување на приватните инвестиции, рече Горанов.
Министерот за финансии потсети дека за следната година е предвидено зголемување за 10 отсто на трошоците за вработените. Во однос на даночната политика, даночните стапки се одржувани за време на целиот мандат на Владата. Најави дека ќе продолжат и даночните олеснувања за земјоделците.
Во 2020 година од буџетот на општините ќе се префрлат над 4,2 милијарди лева (околу 2,1 милијарди евра) или за 460 милиони лева (околу 230 милиони евра) повеќе од оваа година.