Грабар-Китаровиќ: Жалам што не почнаа преговорите со Албанија и Северна Македонија

Изразувам длабоко жалење што Европскиот совет не успеа да постигне консензус за остварување на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Го сметам тоа за голема грешка, погрешна порака“, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Таа вчера се состана со нејзиниот албански колега, Илир Мета, јавува агенцијата „Анадолија“.

Китаровиќ, на средбата истакна дека двете земји го заслужиле датумот, како со реформите на внатрешен план, така и со решавањето на билатералните прашања.

„Хрватска во текот на своето претседавање ќе стори сѐ што е во наша моќ за да го аргументираме членството, како на Албанија, така и на Северна Македонија, односно почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, порача Колинда Грабар-Китаровиќ

Илир Мета порача дека ја цени заложбата на Хрватска, но и на Бугарија и Грција, по прашањето отворање на преговори со ЕУ

Треба да знаете
Последни објави