Активистката Грета Тунберг, тинејџерката која на протестите инспирираше милиони луѓе низ целиот свет да ги повикаат водачите да се борат против климатските промени, одби да прими награда за нејзиниот придонес во заштитата на животната средина, велејќи дека „на климатското движење не му се потребни награди“, пренесува АП.
Во изјавата што во нејзино име ја прочитаа двајца активисти на свеченста во Стокхолм, Тунберг рече дека доделувањето на наградата на Нордискиот совет е чест, но дека „владетелите и политичарите треба да го слушаат она што е наведено во истражувањето“.