Игор Спасов имал закажано операција кај неговиот баџанак, дознава Телма. Урологот од штипската болница Влатко Филипов бил докторот кај кој имал термин за интервенцијата поради која му е продолжено отсустовот од затвор на убиецот на Мартин Нешковски.
Телма контактираше со Филипов кој негира дека има било каква поврзаност со бегството.
Вчера Телма објави дека Спасов дозволата за операцијата ја добил од судот на 31-ви јули, а штипски уролог со вештачење тврдел дека по операцијата, поарнешниот специјалец и осуден за убиството на Нешковски, морал да лежи два месеци во домашни услови.
Урологот Венцо Шопов тврди дека среде лето му го донеле од суд, и тој бил само дежурен лекар. Судот му наредил на Спасов на 18-ти септември да им донесе медициснка документација дека ги спроведува медицинските зафати, но тој ова не го сторил.
Трагот му се губи за тоа се дозна дури на 18-ти Октомври кога не се појави во Идризово. Екс специјалецот имал различни болести и беше 14 месеци надвор од затвор.
Дури синоќа е распишана меѓународна потерница, додека денеска министерот Венко Филипче рече дека за сега не го истражуваат случајот за постапувањето на здравствените работници. .
Сега судскиот совет најави дека ќе истражува дали има одговорност за судиите. Спасов на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборната победа во 2011-та го нападна Мартин Нешковски, по што момчето загина, а Спасов беше осуден на 14 години затвор.