Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја треба да располага со државна стратегија „за реинтеграција на Донбас и Крим” и денеска ги опиша нејзините четири составни делови, пренесе Тасс.
-По пет години војна најпосле треба да се појави државна стратегија за реинтеграцијата на Донбас и Крим. Нејзините составни делови денеска ќе ви ги претставам, рече украинскиот претседател на „Форум за единството”, што се оддржа во градот Мариупол, пренесе БТА.
Третиот составен дел, според него, треба да стане реализмот. Според неговите зборови, погрешно е да се смета дека Киев „ќе си го врати Крим со воена сила” и „уште утре” сите во Донбас ќе зборуваат на украински јазик.
Како четврт составен дел на новата стратегија шефот на државата ја посочи способноста на државата да ја применува во пракса. Зеленски подвлече дека таквата стратегија е „животно неопходна” за Украина да опстои како земја и за да има заеднички одговор на различните предизвици, додаде Тасс.