Лисицата е чест гостин во домот на турско семејство

Кенан Пир, од Сакарија, Турција, успеа да спријатели со лисица која често престојува во неговиот дом.

Пир живее на висорамнината Киранјурт од Памук, а неодамна забележал лисица во близина на куќата.

Лисицата, која ја нарекол Мехмет Али, секоја вечер доаѓа во куќата на Пир и тој ја храни со грозје и леб.

Ова чудно пријателство ги изненадува многумина што ги гледаат заедно.

„И порано му доаѓаше една лисица, но ја убија. Подоцна почна да доаѓа оваа, и ние ја сакавме. Таа доаѓа секоја вечер, ние ќе ја нахраниме и таа си оди. Јас ѝ давам да јаде грозје и леб, а и малку си играме“, рече Пир.

Тој додаде дека животното им верува и не се плаши од нив.

Треба да знаете
Последни објави