Меч за Шкеднија да се разбуди, или Вардар да ја потврди доминацијата

Денеска (13.30 ч.) се играат седум, од осумте реванш-натпревари од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, во кој вниманието го привлекува новата пресметка меѓу лутите ривали Шкендија и Вардар. Во Тетово, актуелниот првак Шкендија ќе има можност да се разбуди од резултатската криза сезонава, а најторфејниот домашен клуб Вардар да ја потврди доминацијата во новата сезона.

Вардар веќе 13 натпревари во низа нема пораз. Прв и последен пат  скопските „црвено-црни“ загубија на сартот од новата сезона и тоа од Македонија ЃП (0-2) и отогаш има 11 меча без пораз во Првата лига, како и два во Купот со Саса (5-0) и првиот со Шкендија кој во Скопје заврши (2-2).

Традицијата во куп-натпреаврувањето меѓи Шкендија и Вардаре е на стараната на тетовските „црвено-црни“ кои од петте двомечи во последните 7 сезони, четири пати го елиминирале својот лут ривал.

Шкендија која направи три тренерски шок-терапии од стартот на сезоната никако да се разбуди од агонијата. Тешко создава и реализира шанси. Овие две екипи во првенствените пресметки двапати ремизираа. Во последната првенствена пресметка ремизираа без голови, но овој резултат на скопјани денеска нема да им одговара. Мораат да играат офанзивно, да победат или да извлечат реми со постигнати повеќе од два гола на гостински терен.

Во сенка на оваа куп-пресметка денеска ќе се играат уште шест реванш мечеви, во кои актуелниот бранител на трофејот Академија Пандев и второлигашот Лабуништа вторите 90 минути ги дочекуваат со најубедливи предност, како и Ренова, која утре пред своите гледачи во Тетово ќе ја комплетира осминафиналната рунда со реваншот против Тиквеш.

Во случај на идентичен резултат по реванш средбите не се игра продолжение туку веднаш се изведуваат пенали за да се доби патникот во четвртфиналето.

Двојки за денеска (13.30 часот)

КОЧАНИ:Осогово – Академија Пандев (0-3)

КРАТОВО:Силекс – Шкупи (0-0)

ЃОРЧЕ ПЕТРОВМакедонија ЃП – Брегалница (0-1)

МАЏАРИ: Работнички – Пелистер (1-1)

ОХРИДОхрид Лихнидос – Лабуништа (0-2)

ТЕТОВО:Шкендија – Вардар (2-2)

СТРУГА: Струга Трим Лум – Борец (0-0)

Утре

ТЕТОВО:Ренова – Тиквеш (2-0)

Треба да знаете
Последни објави