На Балканот ќе има куси период кои ќе потсетуваат дека е зима

Метеоролошкиот сервис „ AccuWeather” на своите страници ја објави долгорочната временска прогноза за претстојната зима. Според нивната прогноза подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатантиот дел од Северна Европа уште на почетокот на зимата ќе може да очекуваат силни бури. Зимата на Балканот пак ќе биде блага без големи температурни осцилации, нема да има ниту обилни врнежи од снег.

Додека во поголемиот дел од Европа ќе има многу бури, снег и продори на студени бранови , на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна и топла зима.

-Ќе има бури, но нема да бидат така изразени како минатата година, објаснува метеорологот Џејсон Николс.

Според него на Балканот ќе има повремени бури кои ќе се појавуваат меѓу долготрајните сушни периоди.

Регионот на Балканот би можел да има долги суви и топли периоди, проследени со повремени краткотрајни бури кои би требало само да потсетуваат дека е зима. Би траеле до една недела, за потоа да се вратил периодот на суво време од две или три недели , изјавил метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот не се очекуваат чести удари на силна бура , предвидуваат метеоролозите од                       „ AccuWeather”.

Треба да знаете
Последни објави