Лос Анџелес лејкерс убедливо со 120:91 го победи Мемфис, во меч на кој свое шоу имаше Ентони Дејвис. Играчот кој летоска дојде во ЛА од тимот на Њу Орлеанс одигра меч за памтење. Тој стана нов рекордер во НБА, откако успеа да постигне 40 поени и да има 20 скока за само 30 минути и 34 секунди поминати на теренот. Ниту еден играч во историјата на лигата претходно немал ваков скор за толку кратко време поминато на теренот.
Дејвис стана играч со најмногу погодени слободни фрлања на еден меч. Успеа да реализира 26 од 27-те шута од линијата за слободни фрлања.
Во останатите мечеви кои утрово се играа во НБА:
Мајами – Атланта 112:97 и Денвер – Далас 106:109.
По почетните неколку рунди досега без пораз се Минесота, Сан Антонио и Филаделфија.