Објектот на едриличарскиот клуб „Снегар“ во Струга, кој во јули годинава изгоре во пожар кој предизвика огромни материјални штети на клубот, денеска повторно е отворен.
На отворањето, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, се обрати пред присутните истакнувајќи дека е овој објект е од огромно значење за стружани и за развојот на овој спорт.
„Денес објектот повторно е ставен во функција и претставува модерено и современо решение што ќе го врати едриличарството на вистинските патеки. Реагиравме веднаш и дадовме ветување дека за краток период ќе пристапиме кон изградба на нов современ објект за едриличарскиот спорт и спортистите во Струга. Ова место очекувам да биде расадник на нови таленти, кои во иднина ќе бидат репрезенти и ќе ја претставуваат државата на големите натпреварувања“, изјави Каевски.
Агенцијата за млади и спорт целосно го помогна возобновувањето на најстариот едриличарски клуб од финансиски, технички и организациски аспект.