Британскиот парламент го поддржа планот на премиерот, Борис Џонсон, на 12 декември да се одржат предвремени избори.
Пратениците на Долниот дом гласаа синоќа со 438 гласа „за“ и 20 „против“ предлогот на Џонсон, пренесе „Ројтерс“.
Предлогот за изборите треба да го поддржи и Горниот дом на парламентот, кој нема надлежност да гласа против одлука на Долниот дом, наведе „АП“.