Во текот на 29.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи, од кои: три возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 23 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл, поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и пет пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 90 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.