Проектот „АРМ мој вистински дом“ е манипулација и постои само на хартија
Проектот на ВМРО-ДПМНЕ „АРМ мој вистински дом“ е скандалозна манипулација со старешините во македонската армија. Од 2009-тата кога за прв пат го најави министерот за одбрана, Зоран Коњановски, па се до последната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ која се однесуваше од изборите во 2016-та до 2020-та година. 10 години партијата на Никола Груевски подигала рејтинг за гласови преку проектот, особено во армиските редови со ветување станови и куќи по пониски цени за вработените, пишува Љубиша Арсиќ за „Нова“.
Низ годините се покажа дека целиот проект е манипулација и постои само на хартија и дека реално на терен не се постави ниту еден камен темелник, не па да се изгради станбен објект. Практично, министрите за одбрана на ВМРО-ДПМНЕ, Коњановски, потоа и Зоран Јолевски како да правеле се само проектот да не успее. Потпишувале договори, заверувале документи, утврдиле квадратура на станови и нивната вредност, но на ниту една од неколкуте планирани локации не се постави ниту цигла.
Целата анализа на следниот линк!