И денеска Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Градот со просечна концентрација на ПМ10 честички на кубен метар во 8 часот утрово се искачи на 3. место по загаденост со 166пм 10 честички просечна вредност. Неколку дена Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, иако официјалниот почеток на зимската грејна сезона е уште далеку. Загадувањето на амбиенталниот воздух е алармантно.
Многу високи концентрации на ПМ10 честички утрово се регистрирани во речиси сите места во државава каде има мерни станици, а најалармантно е во Тетово, Ѓорче Петров, Битола и Куманово. Лидери по загаденост на воздухот во земјава денеска се Тетово и Ѓорче Петров, а концентрацијата на ПМ10 честичките е 181.
Во светот на прво место е градот Лахор во Пакистан со 316, а на второ е Делхи со 330 ПМ10 честички просечна концентрација на метар кубен.