Советниците на ВМРО – ДПМНЕ во Гази Баба повторно ја блокираат работата на општината спречувајќи нова инвестиција од 20 милиони евра. Без образложение и без ниту еден предлог, повторно ја повлекоа точката за усвојување на ДУП-от за градска четврт СИ 08 блок 03 кој се однесува на делот кај Кванташки пазар.
Досега на барање на советниците на ВМРО ДПМНЕ беа одржани две јавни презентации на предлог планот, од кои последната беше вчера. Одговорени им беа сите прашања и немаа никакви забелешки. Сепак денеска повторно во нивни стил, ја тргнаа точката од дневниот ред.
Со ова станува јасно дека советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја спроведуваат наредбата на Христијан Мицковски, целосно да биде закочена работата на општина Гази Баба, која се одразува директно на штета на граѓаните. Овој ДУП е подготвен од страна на приватен инвеститор кој сака да вложи 20 милиони евра, за изградба на нов Кванташки пазар по европски стандарди, кој ќе отвори нови работни места и директно ќе влијае врз развојот на општина Гази Баба. ВМРО ДПМНЕ треба да разбере дека нивниот советник повеќе, значи одговорност повеќе. Недозволиво е да се тргаат точки од дневен ред, без притоа да се образложи причината или да се даде свој предлог. Дали нивната обновата на земјата значи деструктивност и кочење на инвестиција вредна 20 милиони евра која ќе отвори нови работни места. Граѓаните треба да знаат дека единствен кочничар во општина Гази Баба е ВМРО ДПМНЕ. Гази Баба 2 години оди кој подобро, токму тоа е нивната болка на која ќе мора да се навикнат.