Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, тетовска Шкендија кој се соочува со резултаска криза во првенството, забележа победа во Купот против лутиот ривал Вардар (1:0) и го елиминира во осминафиналето од најмасовното натпреварување. Шкендија на чија страна е традицијата во куп-натпреварувањето на реваншот од осминафиналето славеше со погодокот на Агим Ибраими. Првата средба во Скопје заврши без победник (2:2).
Вардар кој е лидер во првенството и 13 натпреаври во низа незнаеше за пораз овојапат немаше решение како да се справи со Шкендија. Во првото полувреме двете екипи делуваа анемично, а во вториот дел Шкендија беше таа која го диктираше темпото и на неколку пати го стави на маки голманот на скопјани Филип Гачевски, кој неможеше да го спречи и ударот на Ибраими во 74. минута.
Резултати од денешните одиграни осминафинални мечеви:
ШКЕНДИЈА – Вардар 1:0 (3:2)
Македонија ЃП – БРЕГАЛНИЦА 0:0 (0:1)
Осогово – А. ПАНДЕВ 1:4 (1:7)
Силекс – ШКУПИ 1:1 (1:1)
РАБОТНИЧКИ – Пелистер 4:0 (5:1)
Охрид – ЛАБУНИШТА 2:3 (2:5)
СТРУГА ТЛ – Борец 1:0 (1:0)
Во заградата се вкупните резултати од двата натпревари
Утре играат: РЕНОВА – ТИКВЕШ (2:0)