Дороти Флауерс од Англија, која го прослави својот 108. роденден на 22 октомври, тврди дека својата долговечност ја должи на шампањот.
„Дороти сака друштво, таа секој ден седи со нас на рецепција. Нејзината тајна е шампањот. Тоа е единствениот пијалак што го пие секој ден“, вели Хелен Балингер од домот за стари лица во кој е сместена Дороти, пренесува „Метро“.
The centenarian says the secret to her long life is champagne and chocolate. Cheers, Dorothy 🥂https://t.co/Tdy7ytccxj
— HuffPost UK (@HuffPostUK) October 23, 2019
Нејзиниот сопруг починал во 1981 година по 40 години брак. Обајцата работеле во индустријата за коњски трки, а се пензионирале во 1963 година на 52-годишна возраст.
Покрај шампањот, Флауерс го прославила роденденот засладувајќи се со чоколади што ги обожава и читајќи ги 654. картички што ги добила. Персоналот на домот сакал роденденот да ѝ го направат посебен, па затоа ги замолиле луѓето на „Фејсбук“ да ѝ испратат честитки. Тие се надевале дека можеби ќе прими стотина, но на крајот пристигнале шест пати повеќе.