Во Колумбија убиени петмина припадници на домородно племе

Петмина припадници на домородно племе се убиени, а шестмина повредени во колумбиското место Такуејо, соопшти војската на Колумбија. Според првичната истрага, масакрот се случил како одмазда за заробувањето на тројца припадници на поранешните Револуционерни вооружени сили на Колумбија.

Домородците биле нападнати од мажи во црно возило, кои отвориле оган и кон возилото на Брза помош, кое дошло за да им помогне на повредените, соопшти Здружението на домордни совети на Северна Каука.

Десетици домородни водачи беа убиени по потпишувањето на историскиот мировен договор во Колумбија во 2016 година, бидејќи нелегалните вооружени групи и дисиденти сакаат контрола над поранешната територија на бунтовниците и профитабилните патишта со дрога.

Треба да знаете
Последни објави