Грчкиот архиепископ со писмо го извести украинскиот митрополит дека ГПЦ ја призна УПЦ

Официјално писмо во кое Грчката православна црква (ГПЦ) ја признава Украинската православна црква (УПЦ) испратил архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос до украинскиот митрополит Епифаниус, објавија грчките црковни медиуми. Според истите информации, дописот бил испратен на 21 октомври 2019, а со тоа беше официјализирана одлуката на Светиот синод на ГПЦ од пред 20ина дена, jави дописничката на МИА од Атина. На 12 октомври 2019, архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос претседаваше на вонредниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) за украинското прашање, а во неговото обраќање, прогласувањето автокефалност на Украинската православна црква (УПЦ) го карактеризираше како „особено корисно за Православната црква и драгоцено за зајакнување на односите меѓу црквите на Русија и Украина” и предложи ГПЦ да ја признае УПЦ.

Грчкиот портал за црковни вести „Ортодоксиа”, објави фотографии од писмото испратено од Јеронимос до Епифаниус.

Треба да знаете
Последни објави