Актуелниот европскиот машки ракометен шампион Вардар по двата убедливи порази од Кил (20-31) и Веспрем (30-39) во групната фаза од Лигата на шампионите не се најде ниту меѓу најдобрите 10 екипи сезонава. Вака пресуди по стартот на новата сезона Европската куќа на ракометот (ЕХФ) која ја состави ранг-листата со топ-10 екипи кои се фаворити за освојување на титулата. За Вардар немаше место во ТОП 10 и во изминататс езона па „црвено-црните“ на крајот стигнаа до титилата во Келн.
Според најновата листа на ЕХФ, на првата позиција се наоѓа екипата на Кил, а потоа следуваат Барселона, ПСЖ, Алборг, Монпелје, Пик Сегед, Веспрем, Бидасоа, Порто и Динамо Букурешт.
Вардар во групата Б на елитното клупско натпреварување во моментов се наоѓа на четвртото место со шест бода, односно три зад лидерот Кил. Следниот меч „црвено-црните“ го играат против Мешков Брест во Скопје на 3 ноември.