Камион прегази старица во Прилеп

На 29.10.2019 во 17.00 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Цане Илиоски“, товарно моторно возило „ман“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(38) од с.Моноспитово, удрило во пешакот М.А.(80) од с.Чаниште. Во незгодата М.А. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави