Либанските војници денеска повторно ги отворија главните патишта што демонстрантите ги држеа затворени скоро две недели, блокирајќи ја земјата.
Демонстрантите не пружија значителен отпор, додека воените единици со булдожери ги уриваа бариерите и шаторите поставени на автопатот и поголемите крстосници.
Отворањето на главните патишта се случи еден ден откако премиерот Саад Харири најави оставка по скоро две недели протести низ целата земја.
Демонстрантите имаат различни мислења за тоа дали треба да ги напуштат улиците или да продолжат со протестите, поради кои од 18 октомври беа затворени банките, училиштата и други компании.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера ги повика либанските лидери итно да формираат нова влада, по оставката на Харири.