– Раководството на Милан ќе започне преговори со играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ и играчите од средниот ред на Барселона – Артуро Видал и Иван Ракитиќ, јавува „Газета Дело Спорт”.
„Росонерите” сакаат да го засилат средниот ред, а Хрватите и Чилеанецот спаѓаат во нивните планови за трансфер. Искуството на тројцата е она што новиот ментор на Милан, Стефано Пиоли смета дека недостасува најмногу во досегашниот состав.
Пиоли го презеде Милан пред еден месец по разрешувањето на Марко Џампаоло, но досега не е направено поголемо подобрување во резултатите.