Западен Балкан има потреба од Европската Унија (ЕУ) и важно Брисел да се го напушти оптимизмот дека иднината на регионот е во таа заедница, рече црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Тој рече дека по состанокот во Брисел, чиј домаќин беше високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерико Могерини, за лидерите на Западен Балкан, разговорот бил во насока на она што се случувало изминатите недели.
На средбата, рече тој, недвосмислено слушнал дека последните одлуки на ЕУ се разочарувачки и дека тие на некој начин го загрозиле кредибилитетот на политиката на Унијата кон земјите од Западен Балкан.
„Она што самата ЕУ го направи како заклучоци на Самитот во Солун во 2003 година и кои ветувања беа дадени на секоја земја од нашиот регион поединечно, почнувајќи од Црна Гора, која го започна процесот на преговори пред седум години под јасни правила на игра, сега се ставаат под знак прашалник“, рече Ѓукановиќ и додаде: „Ние не сме само балкански земји, туку и европски земји, кои имаат потреба и можност да зборуваат за перспективата на нашиот заеднички европски дом“.