Нов шумски пожар избувна во јужна Калифорнија

Нов шумски пожар избувна во јужниот дел на Калифорнија додека низ регионот дува силeн ветар од пустината Санта Ана.

Претставници на округот Вентура напишаа на својот профил на Твитер дека е наложена задолжителна евакуација за местата зафатени со пожар.

На телевизиските снимки се гледа пожарот што избувна денес пред зората во градот Сими Валеј, на околу 32 милји североисточно од центарот на Лос Анџелес, јави АП.

Во близина се наоѓа претседателската библиотека „Роналд Реган“

Треба да знаете
Последни објави