Парис Хилтон отсекогаш била една од оние богати девојки кои се лика и прилика на Малибу Барбика. Иако обожава кратки фустани, потпетици и розова боја, славната наследничка на хотелскиот ланец „Хилтон“ неодамна призна дека обожава тренерки, и тоа оние со потписот на познатата марка Juicy Couture.
Триесет и осумгодишната џет-сетерка која ноќните клубови ја плаќаат само за да се забавува со нејзиното друштво низ Америка, призна во интервјуто што го даде за „Гардијан“ дека во нејзиниот плакар се наоѓаат 100 кадифени тренерки со потпис на познатата марка.
„Кога одам на забава сакам да изгледам гламурозно, сакам да заблескам и се чувствувам одлично. Имам свој заштитен знак – сакам розова боја и светки “, рече познатата русокоса.
Сепак, приватно, таа претпочита да носи удобна облека.
„Мојата облека за секој ден е многу удобна. Јас многу ги сакам кадифените тренерки од Juicy Couture. Веројатно имам 100 од нив во сите бои“, откри Хилтон.