Парламентот го поддржа предлогот на Џонсон за избори на 12 декември

Британскиот парламент го поддржа планот на премиерот, Борис Џонсон, на 12 декември да се одржат предвремени избори.

Пратениците на Долниот дом гласаа синоќа со 438 гласа „за“ и 20 „против“ предлогот на Џонсон, пренесе „Ројтерс“.

Предлогот за изборите треба да го поддржи и Горниот дом на парламентот, кој нема надлежност да гласа против одлука на Долниот дом, наведе „АП“.

Треба да знаете
Последни објави