Делегација на сириската опозиција разговараше со руски дипломати, изјави за ТАСС портпарол на Мисијата на Русија во канцеларијата на Обединетите нации во Женева.
Во делегацијата беше копретседавачот со Уставниот комитет, Хади ал Бахра, и претседателот на опозициската Комисија за преговори (СНЦ), Наср ал-Харири.
„Во седиштето на руската мисија се одржа состанок на претставниците на сириската опозиција, вклучително и ал-Харири и Ал Бахра, со руски дипломати“, рече портпаролот, не давајќи дополнителни детали.