Не смееме да дозволиме враќање на режимот на Никола Груевски. Настаните од црниот 27-ми април се потсетник на тоа каде сакаа да ја вратат државата, порача на почетокот од своето обраќање на граѓанската трибина На прав пат вечерва во Кавадарци.
-На 27-ми април ние како пратеници бевме подготвени и животот да го дадеме за слободата и иднината на оваа наша држава. Нема да дозволиме да се врати режимот, не смееме да го дозволиме тоа, 27-ми април е потсетник за тоа каде сакаа да ја втурнат државата, рече Спасовски.
По промените, прво што го направивме е да ја солободиме заробената држава, да го вратиме слободното перо, да направиме држава каква што ние посакуваме, слободна, демократска, на сите граѓани. Држава која нуди еднакви можности на сите, младите да ја гледаат иднината овде. Продолживме понатаму. Водевме нова битка, како да ги вратиме институциите кај граѓаните. Продолживме. Презедовме сериозни и храбри чекори со кои ја гарантираме иднината на државата. Ако сакаме да имаме мир и стабилност, ова е патот по којшто треба да продолжиме, додаде Спасовски.
Во своето обраќање Спасовски го поздрави и присуството на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на граѓанската трибина На прав пат.