Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети, денес во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со г-дин Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД, г-дин Даниел Костеланчиќ, директор за Балканот во Американскиот Стејт Департмент и амбасадорката на САД во Северна Македонија, г-ѓа Кејт Брнс.
Г-дин Ахмети и американските авторитети разменија мислења во врска со политичките случувања во Северна Македонија, членството во НАТО како и предвремените избори.
Г-дин Ахмети истакна дека ДУИ е гарант на Преспанскиот, Охридскиот, како и Договорот за добрососедство со Бугарија од кои нема враќање назад во ниту еден случај.
Лидерот на ДУИ, Ахмети им се заблагодари на американските авторитети за големата помош во нашите напори за добивање на датумот за започнување на преговорите со Европската Унија, но уште повеќе за нашиот успешен пат за членство во НАТО во следните месеци.
САД потполно ги поддржуваат евроатлантските напори на Северна Македонија и реформите во земјата, посебно на владеењето на правото.
На средбата се дискутираше и за интензивните реформи во рамките на Демократската Унија за Интеграција како и за предвремените парламентарни избори.