Кетрин Зета-Џонс и Карис Даглас го освојуваат модниот свет. 50-годишната актерка и нејзината 16-годишна ќерка се ѕвезди во најновата рекламна кампања на Fendi.
Двете убавици претставија нови модели од чантата Peekaboo со фотосесија во винтиџ стил снимена во Рим.
„Верувам дека Peekaboo чантата е безвременска бидејќи одговара за секоја пригода, за секоја личност. Елегантна е, а истовремено и забавна“ – вели Карис.