Пентагон објави видео материјал од нападот на американските специјални единици врз скривалиштето на лидерот на ИСИЛ, Абу Бакр ал-Багдади.
Главниот командант на Централната команда, Франк Мекензи, операцијата ја опишал на брифинг за новинари во Пентагон. Тој презентирал краток црно-бел филм на кој се гледа како американските сили го заобиколуваат скривалиштето на Ал-Багдади.
https://youtu.be/RSn76F0gV7I?t=3
Американскиот офицер ги потврдува и веќе изнесените информации во јавноста дека на самото место биле собрани делови од телото на Багдади и е направена ДНК анализа со која се потврдило дека мртвото тело е на лидерот на терористичката ИСИЛ. На брифингот било кажано дека неговото тело е „погребано во море“. Багдади се самоуби за време на акцијата на специјалците на САД откако беше притиснат во тунел кој немал излез.
"…at the compound, fighters from two locations in the vicinity of the compound began firing on U.S. aircraft participating in the assault."
– Gen Frank McKenzie CDR USCENTCOM pic.twitter.com/SkrtHNDs7w— U.S. Central Command (@CENTCOM) October 30, 2019