ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ во делот на спортот ништо нема реализирано на позитивно

Владата на СДСМ како и во секоја област од општеството, така и во делот на спортот ништо нема реализирано на позитивно, напротив, сите реформи им се за уназадување на функционирањето и работата. Со промената на Законот за спорт и Законот за данок од добивка се укина една мерка со која клубовите, федерациите и индивидуалните спортисти можеа под еднакви услови за сите да изнајдат начин за финансирање на своите годишни програми во делот на спортот. За жал наместо унапредување и суштински реформи, оваа мерка беше заменета со ваучерскиот систем кој ги стави спортските субјекти во нееднаква положба пред законот и се покажа како тотално нефункционален и неповолен за федерациите и спортските субјекти, каде државата за едни е мајка, а за други маќеа.

Мерката им е донесена во погрешен тајминг, беа поставени високи и дискутабилни критериуми што на крај резултираше со тешка имплементација на ваучерот за оние субјекти кои го добија и огромно незадоволство кај спортските субјекти кои не го добија истиот. Во текот на летото овие спортски субјекти добија ветување дека законот ќе се смени и критериумите ќе се изменат, за да и овој огромен дел на клубови и спортисти биде опфатен со истиот.

Нормално како и се останато во Владата се сведува на лаги и манипулации и еве поминува и месец октомври, а ништо од ова не е исполнето – пред се поради меѓукоалициски пазарења на партиите на власт. Жално, но вистинито. За жал најавите на клубовите и спортистите од вторите лиги, како и сите младински категории дека ќе ги бојкотираат националните првенства се остварија.

Веќе неколку недели наназад, на дело е БОЈКОТ на овие првенства.

Едоставно сите треба да знаат дека во моментов освен прволигашки натпревари, спортските натпревари речиси и да ги нема. Како епилог на се, е најавениот протест на клубовите и спортистите пред Владата на Република Македонија во недела 3 ноември.

ВМРО-ДПМНЕ цело време будно го следеше овој процес и конструктивно се обидуваше да даде предлози за надминување на оваа ситуација. За таа цел беше поднесен предлог на закон за враќање на старите законски одредби во средината на месец септември.

Подготвени сме истиот да биде модифициран во деловите каде можеби се појавиле одредени проблеми со цел подобрување на функционалноста на истиот и сите заедно да го затвориме овој проблем.

Причината за овој наш став е ПРИМЕНЛИВОСТА и СПРОВЕДЛИВОСТА на истиот закон ВЕДНАШ.  Доколку ова не се прифати, одговорност треба да понесе уште веднаш Директорот на АМС, Дарко Каевски и советникот за спорт на премиерот г-дин Даниел Димевски, кои дрско ги излажаа спортските субјекти, за на крај да се соочат со дебакл на мерките кои ги донесоа за што ние навремено предупредувавме. Освен хаос, за 2 и пол години немаат ниту еден единствен проект што може да го набројат како реализиран. И тоа што имаа од претходната власт го блокираа и стопираа.

Сакам да истакнам дека ВМРО–ДПМНЕ се залага и ќе се залага за принципот – ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД СПОРТОТ

Заради тоа изразуваме поддршка за организаторите на неделниот протест, кој е право загарантирано со Уставот на Република Македонија.

Повикуваме никој да не го злоупотребува протестот за политички поени. Спортистите и спортските субјекти имаат реални маки и проблеми кои мора да им се решат!

 

 

Треба да знаете
Последни објави