Поранешниот фудбалер и тренер на Милан, Џенаро Гатузо, може да се упати кон Удинезе, пренесе „Скај Спорт Италија”.
Раководството на клубот размислува да го отпушти Игор Тудор по низата негативни резултати. Тензијата се зголеми уште повеќе по двата тешки порази – од Аталанта со 1:7 и Рома со 0:4.
Гатузо е главен кандидат за позицијата на чело на „црно-белите”. Пасквале Марино и Стефано Калантуоно, исто така, претендираат за овој пост. У
динезе има 10 бода, откако е на 14-тото место во италијанската Серија „А”.