Гоцевски на Арената во Скопје, Бартон во Струмица

За неделното 13. коло во македонската прволигашка фудбалска конкуренција одредени се судиите. На пресметката во Струмица со која в сабота ќе биде почната 13. рунда, каде Академија Пандев го пречекува „ранетиот“ послено пласиран Работнички, правдата ќе ја дели Јосип Бартон, а наредниот ден на Арената во Скопје, каде лидерот Вардар ќе бара рехабилитација по елиминацијата од Купот, против Ренова, на центарот ќе се најде струмичанецот Марјан Гоцевски.

Двојки и судии

Сабота (13.30 ч.)

Академија Пандев – Работнички (Јосип Бартон од Скопје – Иса Емурли, Дарко Јовчевски од Тетово)

Недела (13.30 ч)
Македонија ЃП – Силекс(Јован Качевски – Симон Гредановски, Ацо Мацески сите од Струга)
Шкендија – Борец (Марјан Младеновски – Дејан Димијитриевиќ, Даниел Василевски сите од Скопје)
Вардар – Ренова (Марјан Гоцевски од Струмица – Никола Караколев од Штип, Ѓорѓи Станковски од Струмица)
Шкупи – Струга ТЛ (Димитар Мечкаровски – Дејан Неделквоски, Гоце Петрески сите од Скопје)

Треба да знаете
Последни објави