Еден пешак и еден возач на патничко возило се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица се полесно повредени во шест од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај се исклучени 13 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, четворица возачи кои биле под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и 22 нерегистрирани возила и едно претоварено возило.
Казнети се и осум возачи кои поминале на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, како и двајца возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Санкционирани се осум возачи за неносење сигурносен појас и седум кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Според билтенот на СВР Скопје, за непрописно паркирање се издадени 81 казна, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 79 возила.