Главниот застапник на Европскиот суд на правдата, Еленор Шарпстон изјави денеска дека Чешка, Унгарија и Полска го кршат законот на ЕУ со тоа што одбиваат да се придржуваат кон мигрантската квота на европскиот блок.
Според неа, највисокиот суд на ЕУ треба да донесе пресуда дека трите земји не ги исполниле своите обврски според законот на ЕУ, објави АП.
Во 2015 година европските нации се согласија да распоредат 160.000 бегалци од Италија и Грција, кои беа преплавени од стотици илјади мигранти.
Меѓутоа, Чешката Република, Унгарија и Полска, не примиле ниту еден мигрант во текот на две години откако постои договорот.
Европската комисија побара објаснување од нив, но не доби задоволителни одговори, соопшти агенцијата.