Според договорот што денеска го потпиша косовскиот министер за внатрешни работи во заминување, Екрем Мустафа и комесарот на ЕУ за миграција, Димитрис Аврамопулос, Приштина се обврза дека ќе поднесува редовни извештаи во Брисел за борците од т.н. Исламска држава, кои се враќаат во Косово.
Договорот предвидува спроведување на проценката на заканите од теризам во Косово и подобра координација на механизмите за спречување на насилен екстремизам, како и изградба на капацитети за борбата против перењето на пари и финансирање на тероризмот, пренесе РСЕ на албански јазик.