Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска во седиштето на партијата имаше работна средба со регионалниот директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Централна и Источна Европа, Роберт Бенџамин.
На средбата се разговараше за континуираната поддршка која НДИ ја дава за нашата земја, за развојот на демократијата и јакнење на капацитетите на политичките партии преку развој на Аналитички центри и други форми, со цел креирање политики во интерес на граѓаните.
Се разговараше и за процесите во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година
Генералниот секретар Николовски се заблагодари на поддршката од НДИ за земјава но и за политичките партии, вклучително и СДСМ. Николовски посочи дека СДСМ е целосно подготвена за престојните избори, има нов систем за работа и делување, секојдневно е помеѓу граѓаните и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и иднината на државата.
Директорот на НДИ за Централна и Источна Европа, Бенџамин, ја истакна поддршката за Евроатланската иднина и перспектива на Република Северна Македонија и додаде дека НДИ останува посветена и понатаму на помошта на земјава и во пресрет на парламентарните избори.