Белгиската полиција синоќа објави дека открила 12 мигранти скриени меѓу овошје и зеленчук во камион-ладилник. Mигрантите, од кои 11 сириски државјани и еден од Судан, биле пронајдени во вторникот вечерта во добра здравствена состојба. Полицијата ја повикал возачот на камион, кој се сомневал дека има скриени луѓе во возилото. Мигрантите биле откриени на патот што ги поврзува белгискиот град Антверп со Холандија.
Полицијата не соопшти каде оделе мигрантите. Минатата недела во камион-ладилник во Велика Британија беа откриени 39 тела на мигранти кои смрзнале до смрт.