– Реал (Мадрид) ќе се раздели со Лука Модриќ во јануари и клубот ќе биде подготвен да го продаде за симболични 10 милиони евра, според италијанското издание на „Калчомеркато”. 34-годишниот играч од средниот ред не е далеку од крајот на кариерата, но тој сака да проба нешто ново и да ги смени клупските бои.
Тој, исто така, испадна од сметките на Зинедин Зидан и францускиот стратег смета дека би било поправилно да се наметнуваат млади играчи од средниот ред отколку да му се даде шанса на ветеранот.
Веројатно е дека кариерата на репрезентативецот на Хрватска ќе продолжи во Италија, откако имал разговори со двата гиганти од Милано – Интер и Милан.
За неколку недели, ќе има малку повеќе јасност за неговата иднина.