САД одново со патроли на сириско-турската граница

Американските сили, во оклопни возила, патролираа денеска на границата меѓу Сирија Турција во четвртокот, што е првпат од одлуката на САД за повлекување од североисточна Сирија, соопшти воен извор од Сириските демократски сили (СДФ), пренесуваат американските медиуми.

Очевидци, исто така, потврдиле дека пет оклопни возила со американско знаме се видени во близина на американско-сириската граница. Тие патролирале на работа на границата, северно од градот Кахтанија, каде тие беа стационирани пред Вашингтон да соопшти дека американската војска се повлекува. Медиумите коментираат дека САД се стремат да го зачуваат присуството во источниот дел од границата.

Изворот од СДФ рекол дека американски патроли ќе има и во иднина, односно дека не станува збор за „инцидентен случај”.

Треба да знаете
Последни објави