Скопјанец осомничен за 17 кражби во автомобили во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  Н.Д.(47) од Скопје, осомничен за сторени вкупно 17 кривични дела „тешка кражба” и „кражба”.

Како што денеска појаснуваат од МВР, Н.Д., заедно со уште две лица, во периодот јуни-октомври 2019 година, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на паркинг простор на повеќе локации во Охрид, населби и плажи, со подесен предмет ги кршеле предните стакла од возилата и одземале вредни предмети, лични документи и пари.

Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави