Јанчев: Мицкоски го надмина и Груевски, време е ВМРО-ДПМНЕ да се реформира!
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, реагира по повод нападите врз него кои се актуелни во повеќе опозициски медиуми, откако вчера присуствуваше на трибината на СДСМ во Кавадарци пишува Фокус.
За истите вели дека се обид од страна на Христијан Мицкоски за негова дискредитација, и не е коректно кога од неговата партија доаѓаат навредливи тонови на сметка на неговите ставови.
Тој јавно му порачува на Мицкоски да ја погледне снимката од премиерот Зоран Заев, кога пред осум години, во времето додека беше градоначалник на Струмица присуствувал на трибина организирана од ВМРО ДПМНЕ, на чело со Груевски. Потсетува дека дури и Груевски му дозволил на Заев да присуствува на партиската трибина во неговиот град, и порачува дека со однесувањето, Мицкоски го надминал и Груевски.
Повеќе од текстот на следниот ЛИНК