По офанзивата на Турција во Сирија, 58 отсто од Германците сакаат да ја исклучат Турција од воениот сојуз на НАТО, покажува најновата анкета на германската агенција ДПА.
Наспроти поддршката на германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас за одржување на членството во НАТО за Турција, новата анкета покажува дека мнозинство од германското население сака Турција да биде избркана од Северноатлантската алијанса, како и воведување економски санкции и забрани за извоз за Анкара.
Според анкетата, во која се опфатени околу 2.000 луѓе во периодот од 25 до 28 октомври, само 18 отсто од испитаниците се изјасниле против излегувањето на Турција од НАТО.
Речиси 61 отсто од испитаниците сакаат Владата на канцеларката Ангела Меркел да заземе посилна позиција, вклучително и економски санкции, против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Весникот „Ди Велт” пишува дека германската левица сака на Турција да и биде забрането да биде дел од НАТО.
Германскиот министер за надворешни работи во саботата за време на посетата на Турција рече дека „Турција е и останува важен сојузник на НАТО за Германија”.
Договорот на НАТО, кој беше донесен во 1949 година, не предвидува протерување на земја-членка